Јас- блогерка…?

Јас блогерка? Искрено некако ми е послаба страна пишувањето, но затоа можам да зборувам со часови! Сепак се решив да ви се обратам вас, новопечени мамички, на начин на кој посакувам мене некој да ми се обратеше кога го земав за прв пат во раце својот син. И да, не знаев ни како да го…

Целиот свој живот добивам цвеќиња од драги личности… Цвеќе ми носи сопругот, кога е некој празник, годишнина или извинување. Колегите не забораваат да дојдат со цвеќе за одлично завршената работа…Но најубавиот цвет стигна на мојата адреса пред неколку дена.

Од идеа до совршенство

Бидејќи правевме мала вечерица по повод регистрација, со сопругот едногласно решивме да направиме голема крштевка каде ќе имаме можност нашата среќа да ја споделиме со најблиските. И тоа го знаевме уште многу пред да знаеме воопшто како и ќе ни се вика детето и дали ќе биде син или ќерка.

Воведување на Јагоди

Денес дома ме пречекаа јагоди. Е малку се зеленки, ама јагоди се јагоди 🙂 Оттука си го поставив прашањето, а кога смеам всушност јас на синко да му дадам јагоди? Преубави се, полни со витамини… но знам дека се и високо алергрни. И потоа се разгуглав.

Македонски содржини на медиумите

Во наше време, зборувам почетокот на 90тите растевме и уживавмме во мноштвото македонски ТВ содржини и иако не беа на дофат ( на само еден клик како сега) во секое време, се знаеше точно кога што има и се чекаше. Обично на ЕДО уште тогаш се даваа филовите на Дизни, но затао на македонските канали…

Годишните времиња во нашиот живот

Неодамна бев на предавање каде една од главните водачи на програмата зборуваше за мотивацискиот говор на Џим Рон- 4 сезони на животот. Одпрвин не разбирав, каква врска има ова со мене? Но размислувајќи подоцна на многу теми всушност сфатив дека во секој сегмент од животот ние имаме 4 сезони (зима, прлет, лето и есен)

Модерни решенија за модерни мајки

Од самиот прв момент кога е родено бебето, непредвидливи ситуации се јавуваат една по друга како совршена безодговорна низа, на кој со сите можни сили ќе се обидете да одговорите. Дали знаете колку пати сум комплицирала ситуација, кога постоел прост одговор на мојот проблем? Милиони!

Жолта е мојата боја

Жолтата е боја на сонцето. Таа се поврзува со радост, среќа, интелект и енергија.

Малите волшебни моменти

Настапи конечно тишина. Деннешниот ден е спремен да замине во историјата на само уште еден обичен ден, ништо особено не успеа да се случи, успеав уште еден ден да пуштам да ми проклизи низ раце. Имав толку многу обврски да завршам за денес, успеав само да ги преполовам. Малите рачиња подадени кон мене, желбата за…

Другарка Цуцла?

Се запознавме со цуцлата еден убав сончев ден, кога не знаев што да правам со расплаканото бебе, и панично снемував решенија едно по едно. На белиот шанк седеше испрчена нагоре и ми се смееше, како тоа порано не ми текна на неа?

Што значи совршен подарок за бебе ?

Откако започна лудилото наречено повојница (завршување на првите 40те дена), нели обичај е да ти дојдат на гости сите знајни и незнајни роднини и пријатели, некој за кој дотогаш не си знаел дека постои, но и многу луѓе кој ти се блиски и драги и едвај чекаш да го запознаеш бебе со нив. Мене тој…